МАЈКО МИЛА! Мајка на 12 деца направила контроверзна роденденска вечера за едно од децата, која ги остави луѓето збунети
Јадењето тестенини може да биде неуредно – особено кога станува збор за 12 деца.
Размислете што значи тоа за мајката на 12 деца, Алиша Доерти, од Њујорк, и нејзиниот сопруг Џош, кои имале доста тешка задача, да го расчистат нередот откако го почестија своето големо потомство со прилично хаотична гозба.
Семејството сподели на „TikTok“ видео кадешто покажаа како на нивната трпезариска маса има 20 килограми шпагети, сос и ќофтиња.
„Го изненадивме нашиот син со маса за шпагети за неговиот роденден“, вели таа.
Предизвикот #messydinner е дел од концептот кој е во тренд на социјалните мрежи и им овозможува на децата да се служат себеси и да јадат колку што сакаат, наместо да бидат ограничени на она што е во нивните чинии.
Оттогаш, клипот собра неверојатни 4,3 милиони прегледи.
И не помина долго време додека корисниците на социјалните мрежи отидоа во делот за коментари за да ја коментираат вечерата по избор на големото семејство – со многу мешани одговори.
„По некое време се ќе се олади“, забележа еден од следачите на семејството.
Коментирај анонимно