Мајмун „киднапира“ мало кутре и го држи во заложништво цели три дена

Кутре старо две недели е спасено и доби нов дом, откако беше грабнато од див мајмун во Малезија и „држено како заложник“ три дена.

Се верува дека малото црно-бело кученце, по име Сару, било скитник кој припаѓа на легло во населбата Таман Лестари Путра, каде што било грабнато на 16 септември.

Откако го грабнал малото куче, дивиот мајмун побегнал на врвот на бандера додека гледачите се собраале на улицата.

Локалните жители тврдат дека мајмунот бил дел од „банда“ за која се знае дека краде храна од куќите, и откако го виделе Сару како жртва на крадечките навики на мајмунот, жителите почнаале да се сомневаат дека тој е одговорен и за исчезнувањето на други мачки и кучиња во таа област.

Загрижените членови на јавноста се обидувале цели три дена да го спасат Сару, при што една жена по име Чери Лу Ји Ли постојано патувала со соседите во областа каде мајмунот последен пат бил забележан.

Нивните напори се покажале како залудни, бидејќи мајмунот постојано бегал по електричната мрежа, но наскоро се вратил да најде храна додека го држел кучето во рацете. На третиот ден од „киднапирањето“ на кучето, жителите успеале да го исплашат мајмунот удирајќи го со мали камења и дрва додека не го фрлил кученцето во грмушките подолу и избегал во блиските дрвја.

Погледнете ги снимките од спасувањето подолу:

 

Чери, која видела како се одвива сцената, рече дека кученцето изгледало „уморно“, но дека мајмунот „изгледа не го повредил“.

Откако кучето било спасено, локален жител го проверил дали има повреди и му дал храна пред да го однесе во неговиот нов дом.

Мајмуните се покажаа како постојан проблем за малезиската влада, која наводно просечно прима по 3.800 жалби од јавноста за животните на национално ниво секоја година. Како резултат на тоа, одделот за диви животни во земјата смисли програма за масовно уништување на околу 70.000 макаки мајмуни годишно помеѓу 2013 и 2016 година.