Македонец, Американец и Германец се фалат кој најбрзо гради (виц)

Се фалат градежници од Македонија, Америка и Германија, чија држава е побрза во градењето.
Американецот:
– Ние во понеделник во 8:00 почнуваме да градиме фабрика за авиони, во среда вечер првиот авион веќе го бомбардира Иран!
Германецот:
– Тоа не е ништо. Ние во понеделник во 8:00 почнуваме фабрика за автомобили, во вторник вечер првиот веќе вози на Аутобан!
Македонецот ги гледа надмено и им вели:
– Тоа не е ништо. Ние во понеделник во 8:00 почнавме да го градиме автопатот Кичево – Охрид, а веќе во 9:45 сите сме кај Стража на мекици и по една ракија и еве, десет години не сме станати од маса!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *