Македонец и Бугарин во лов на Беласица (виц)
Еден ловџија од Струмица оди на лов на беласица. Здогледува еден зајак, нишани добро и пука. Зајакот паѓа точно на бугарската граница. Струмичанецот се стрчува, но гледа од другата кон зајакот трча и еден бугарски ловџија.
Почнува лута кавга:
– Зајакот си е мој, јас го убив – вели Македонецот.
– Не твој, јас прв пукав и јас го убив – тврди Бугаринот.
По долга расправија, Македонецот прегложил:
– Ајде вака да направиме. Имаме кај нас во Македонија еден обичај, да видиме кој е поголем маж. Тој што ќе победи го зема зајакот.
– Ајде, што треба да направиме – се сложил Бугаринот.
– Прво јас тебе ќе те клоцнам меѓу нозете, а потоа ти мене. Кој помалку ќе вреска, тој е поголем маж.
Се наместил Бугаринот, нашиот се затрчал и му удрил еден волеј во меѓуножјето. Бугаринот се врцрвил, но успеал да не вресне воопшто.
– Ајде сега ти намести се – му рекол на нашиот.
– А, јас голем плачко сум, еве ти го зајакот, твој е.

Коментирај анонимно