Македонец кој работи во НАСА, не си ја заборава традицијата и сам знае да направи вкусен зелник

Кој вели дека доколку живеете далеку ќе заборавите на традицијата и семејните вредности? Гордата мајка Вера Коцевски, која живее во САД сподели интересни фотографии од нејзиниот син Игор кој работи како научник во НАСА.

Вера вели дека е горда мајка затоа што Игор, од Вашингтон ѝ се јавил на телефон и ја прашал како да си направи „комат“. Вера со задовоство му објаснила, а Игор со уште поголемо задоволство и умешност го направил зелникот.

Мала шега:

„Сине ќе се снајдеш како да направиш комат?“

„Да мамо, не е ‘рокет сајенс’“