Македонец на пуст остров (виц)
Еден македонец работел на брод и доживеал бродолом. Чудесно, од цел екипаж само тој преживеал, водата го исфрлила на мал пуст остров. Цели 10 години секој ден Македонецот гледал во далечината надевајќи се дека ќе додје некој брод и ќе го спаси.
Едно утро, се случило чудо. Брод и тоа со македонско знаме се приближил до брегот. Го забележале Македонецот, се доближил бродот и го прашале.
– Ти од каде си?
– Од нашата мила Македонија!
Екипажот на бродот се растрчал на палубата. По некое време спуштиле чамец и еден морнар довеслал до брегот. Од чамецот извадил куп весници и рекол:
– Еве кепетанот ти ги праќа овие. Прочитај ги сите, па сам реши дали сакаш да се вратиш во Македонија или да си останеш овде.

Коментирај анонимно