Македонец на студии во Германија (виц)
Македонец од едно планинско село оди да студира во Германија. Татко му му ѕвони по две недели:
– Сине, здраво! Како е во Германија?
– Добре е, тато. Во студентски дом сум, цимери ми се двајца германски лудаци.
– Е, како така лудаци? Што прават?
– Па, стануваат среде ноќ. Едниот си ја треска главата од ѕидот, а другиот застанува на прозорецот и вели дека ќе скока.
– А ти, сине, како реагираш на таа ситуација?
– А, ич не ми е гајле мене тато. Јас си свирам на гајдата…
Коментирај анонимно