Македонец во Америка оди на психијатар (виц)

Отишол еден Македонец на психијатар во Америка. Завршила сесијата, излегол надвор и го сретнал еден наш земјак.
– Кај си бе брат?
– Еве бе, само што излегов од кај психијатарот.
– Вистина? И како помина?
– Ова е прв и последен пат како одам на психијатар… Значи, додека му раскаживав за мојот живот, тој не престана да аплаудира, да се смее на глас и да ме прашува „Навистина ли?“ На крај така се расплака, што 1 час го тешев.