Македонец во пустина (виц)

Македонец оди низ пустина без капка вода во себе. После долго одење, конечно видел една оаза и еден змеј како седи до водата. И по стапките на својот предок Крали Марко, Македонецот собрал храброст и почнал да се тепа со змејот. Се бореле така некое време и змејот го прашува:
– Што сакаш ти бе?
– Сакам да се напијам вода!
– Е па напиј се, што се тепаш!?