Македонецот и двајцата Бугари во воз (виц)
Се возеле во исто купе во воз еден Македонец и двајца Бугари. Патот бил подолг, па Македонецот си носел и влечки да се раскомоти. Уште штом седнал, си ги собул чевлите, си обул влечки за да му биде поудобно, а чевлите си ги ставил убаво на страна во купето.
По некое време, двајцата Бугари ожеднеле, па почнале да зборуваат дека добро би им дошло по една Кока-кола. Македонецот пријателски се понудил:
— Седете вие, јас ќе отидам до бифето ќе ве честам по една Кока-кола.
Веднаш штом излегол од купето, едниот бугарин му ја зел едната чевла и исплукал во неа. Другиот се изнсмеал за идејата, потоа тој ја зел другата чевла и тој најсочно можно исплукал во неа. Потоа ги вратиле на место како ништо да не било.
Македонецот се вратил со две чаши Кока-кола, им ги подал и продолжиле да патуваат.
Кога конечно стигнал Македонецот на станицата на која требало да се симне, станал и си ги обул чевлите. Во истиот момент осетил дека внатре е нешто мокро и лепливо и сфатил што му направиле Бугарите.
Застанал за секунда. Ги погледнал двајцата Бугари, па со разочарано лице рекол:
— Ех, комшии, комшии… до кога ќе тераме вака? До кога ќе трае оваа омраза меѓу нашите народи? Толкава злоба, толкав инает… Кога ќе престанеме со вакви ниски работи, плукање во чевлите, мочање во Кока-колата…

Коментирај анонимно