Македонецот Тони Мојановски, 53, од анонимец до сензација во Австралија: По бурниот брак во реално шоу, сега се забавува со 23-годишна инфлуенсерка

Македонецот, Тони Мојановски, кој стана ѕвезда од австралиско реално шоу „Женет на прв поглед“ за местени бракови, предизвика вистински шок на австралиската сцена откако беше забележан рака под рака со дваесет и тригодишна инфлуенсерка, неочекувано по катастрофалната телевизиска врска со Морена Фарина во емисијата „Женет на прв поглед”. Македонецот, кој работи во градската служба во Австралија, е новото лице за кое зборува цела јавност – човек кој на 53 години стана ѕвезда за една ноќ и покрај обидите конечно да најде сериозна љубов.

Македонецот Тони Мојановски, 53, од анонимец до сензација во Австралија: По бурниот брак во реално шоу, сега се забавува со 23-годишна инфлуенсерка

Тони и 23-годишната инфлуенсерка Кортни Фергусон беа центар на вниманието на луксузна забава во Сиднеј

Тони Мојановски беше фатен како пристигнува на познатиот King Street Wharf во неделата за забавата Aperol Afloat, а до него чекореше младата инфлуенсерка Кортни Фергусон. Тој изгледаше опуштено и сигурно во бел спортски џемпер и црни шорцеви, додека Кортни пленеше со мини фустан во кафеава боја со корсет од транспарентен материјал и сјаен детаљ. Двајцата беа расположени и насмеани, привлекувајќи ги сите погледи додека се движеле кон јахтата Seadeck.

Тони и 23-годишната инфлуенсерка Кортни Фергусон беа центар на вниманието на луксузна забава во Сиднеј

На бродот Seadeck, танц и коктели во друштво на австралиските телевизиски ѕвезди

Веднаш штом се искачија на бродот, Тони и Кортни се вклучија во забавата под големата бела тенда, танцувајќи и смејќи се. Во еден момент, Тони ги рашири рацете и се смееше, додека Кортни зад него позираше храбро со подигната рака на ритамот од музиката. За кратко им се придружи и друг учесник од „Женет на прв поглед“ – Рајан Донели, а атмосферата стана уште повесела со коктели.

На бродот Seadeck, танц и коктели во друштво на австралиските телевизиски ѕвезди

Тони јавно признава: На моја возраст барам нешто повеќе од убавина, доста ми е од млади девојки

Иако во минатото често бил со помлади девојки, Тони Мојановски за Daily Mail искрено изјави: „Стареам. Веќе не сум слика за на ѕид. На моја возраст, мораш да гледаш некого за повеќе од изгледот.” Тоа го кажа откако повторно беше виден во друштво на многу помладата Кортни, покренувајќи прашања за неговите вистински намери и желби преку пламените сцени од реалното шоу.

Бурниот телевизиски брак со Морена Фарина заврши со кавги, тајни и неочекуван крај пред камерите

Вистинската драма за Тони започна со експерименталниот брак на „Женет на прв поглед“, кој заврши бурно и горко медиумски. Морена не сакаше Тони да има последен збор за нивниот однос и драматично се врати во студиото при последната епизода, велејќи: „Навистина мислеше дека нема да дојдам? Мислеше дека ќе му го дадам последниот збор?” Претходно и се заканила на продукцијата дека ќе ги пријави во полиција доколку не и дозволат да замине дома, тврдејќи: „Ме држеа против мојата волја. Им реков: Ќе ја повикам полицијата, дајте ми го телефонот.“

Морена обвинува за фаворизирање и открива тајни: ‘Тони сакаше да ја донесе бившата сопруга на шоуто, ме нарече к*рва и му дозволија да оди дома секој викенд’

Во последното соочување, Морена до детали откри како продукцијата ја убедува да се врати за последниот Commitment Ceremony, со зборовите: „Навистина ли ќе му дозволиш на Тони да помине неказнето за се што ти направи?“ Морена тврдеше дека Тони сакал да ја внесе својата поранешна сопруга во шоуто и дека ја нарекол со навредливи зборови. Додаде: „Тој одеднаш ја смени приказната и рече дека не е до моите години—тукму затоа што сакал дете.“ Финалната епизода беше кулминација на сите тајни и конфликти кои ја шокираа австралиската публика.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *