Македонија не влезе во финалето на Евровизија, а Твитерџиите ги дадоа своите коментари за настапот

Васил Гарванлиев минатата вечер нѐ претстави на Евровизија. Имаше многу контроверзии за изборот на Васил како претставник, но сепак работите течеа и Васил ја претстави Македонија со песната „Here I stand“ во Ротердам Холандија. Иако нашиот претставник не влезе во финалето на Твитерџиите не им избега од „око“ неговиот настап, па така многу луѓе од Македонија и од странство одлучија и да го прокоментираат. Еден твит дури и покажа дека настапот на Васил е прилично сличен со оној на пејачката Дотер од Шведска за една манифестација во 2020 година.