Македонка го искачи највисокиот врв во Европа и ни ги покажа последиците на нејзиното лице
Ирина Дишовска е млада планинарка која редовно ги освојува планинските врвови. Овој пат таа по вторпат се искачи на највисокоит врв во Европа, Елбрус.
По враќањето во Скопје таа на нејзиниот инстаграм профил сподели фотографии на кои се гледа нејзиното лице кое е изгорено и суво благодарение на бруталната планинска клима
„Лузните на моето лице ми се награда за успехот.“, напиша таа.
„Денес, 27.08.2021 искачен највисокиот врв во Европа – Елбрус (5.642мнв) по втор пат, но овој пат со мојот тим од соништата! Ви благодарам на сите за поддршката!„