Македонка објасни како еден Британец ја замислува Македонија, но излезе дека не е далеку од вистината
Една Македонка ја напишала во коментар својата приказна како некој Британец „погодил“ по што е карактеристична Македонија. Иако првин нејзиниот коментар стана вирален, наредните коментари од луѓето покажаа дека Британецот можеби со право си имал таква слика за Југославија и Македонија.
Лукреција напишала: „1988 Британија. Маж, извршен директор на голема компанија ме праша од каде сум. Му реков Југославија. „Од кој дел?“, ме праша тој. Реков, Македонија. „Ох ја знам!“, рече среќно. „Тоа е онаму каде што носат сомбреро“
И токму кога ќе си помислите дека во Југославија и Македонија во тоа време никој не носел сомбреро, креативните луѓе веднаш пронајдоа докази и еве ги:
Ансамблот Мањифико
Ел Сињор Тито
Опасните маријачи
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.