Македонка прави магични плетенки од кои над 200.000 обожаватели на Инстаграм и Јутуб се воодушевени

Плетењето плетенки е еден вид на уметност, а оваа жена го докажува тоа. Трендафилка Кирова креира бајковити фризури благодарение на нејзиниот талент и вештина во плетењето плетенки. Таа прави комплексни креации кои сечија коса ја претвараат во ремек-дело. Трендафилка не се занимавала со плетење плетенки цел живот, таа е магистар по економија и работела како ревизор, но по првата бременост слободното време го поминувала во плетење плетенки и сфатила дека ова е идеалната работа за неа.

„Плетенките се моја опсесија и страст и се надевам дека ќе ги инспирирам сите да направат своја магија со различни фризури.“, стои во описот на нејзиниот Јутуб канал. Вредната Македонка има над 200.000 следбеници на Инстаграм и исто така толку претплатници на Јутуб. Ѝ посакуваме уште поголеми успеси!