Македонка, Русин, Полјак и Словенец разговараат секој на свој јазик, за да видат дали ќе се разберат без превод

Македонка, Русин, Полјак и Словенец, не, ова не е виц, туку една интересна идеја на Јутубер од Полска. Норберт, професор по Полски се организирал со Ивана Атанасова од Македонија, Микитко Алексеев од Русија и Грегор Кржманц од Словенија секој да опишува предмети на својот јазик и другите да се обидат да погодат за што зборува. Па погледнете како помина овој мал „експеримент“.