Македонката што се омажила за Шпанец (виц)

Македонка се омажила за Шпанец и отишла да живее кај него. Не знаела шпански и кога сакала да купи пилешки копани на пример, ќе отидела во продавницата, ќе се плеснела по бедрото и продавачот сфаќал. Истото го правела и за плешка, за врат, за јазик – ќе покажела и ќе и даделе. Еден ден, решила да си купи банани и затоа го зела и сопругот со неа. Знаете зошто нели? Затоа што тој знае шпански, но ми се допаѓа како размислувате…