Македонска девојка на денот: Марија Спасовска

Марија Спасовска е нова, млада, македонска, музичка надеж чија иднина со сигурност е светла. Неа за прв пат македонската јавноста ја запозна пред речиси 6 години кога се уште беше малолетна и ја претставуваше Македонија на детската Евровизија.

Сега, години откако го направи своето деби на македонската сцена, таа несомнено магепсува со својот глас и нејзините песни станаа прифатени од сечии уши. Некои од нејзините најпознати песни се: „Темперамент“, „Опасно“ и „Венера“. Со овие песни таа има настапувано на „Макфест“ и многу други фестивали и манифестации во Македонија и пошироко.

Марија плени со нејзината насмевка и убавина и ние сме тука да ја поддржиме!

Фотографиите се позајмени од нејзиниот „Инстаграм“ профил.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *