Македонска девојка на денот: Симеона Томова
Симеона Томова е млада Штипјанка, којашто оваа година ја освои престижната награда „New star influencer of the year“ и е девојка која дефинитивно ќе ви го привлече вниманието.
Таа е вљубеник во медицината и модата, па токму модата е она што ја донесе до остварување на нејзините соништа. Таа е сопственик на брендот за модни додатоци „Ревуар“, за којшто таа твори со љубов. Го сака балетот и моторите и можеме да заклучиме дека сѐ од ова одлично ѝ стои. На „Инстаграм“ може да се пофали со 11.500 следбеници, па ви препорачуваме да го погледнете нејзиниот профил доколку ви треба дневна доза убавина и инспирација.
Нам ни се допаѓа она што Симеона го прави и ѝ посакуваме многу успеси во иднина!
Фотографиите се позајмени од нејзиниот „Инстаграм“ профил.
Коментирај анонимно