Македонска гордост: Македонија го доби својот ПРВ награден мотоциклист на европски шампионат, талентираниот Христијан Бузалковски

Изминатиов викенд во Верона, Италија се одржа „Prize Giving Ceremony“, односно се доделуваа награди за престижниот европски шампионат во брзински моторциклизам. Најуспешните го добија своето признание, меѓу нив беше и Македонецот Христијан Бузалковски, кој одново докажа дека со многу труд, истрајност и напорна работа успехот е гарантиран.

 

 

 

Македонија за прв пат имаше свој претставник. Христијан Бузалковски заедно со неговиот тим, испишаа историја за македонскиот мотоспорт и на овој шампионат го освои бронзениот медал.

„Огромна чест и задоволство е да се натпреваруваш на ваков шампионат, а уште поголема е кога ќе освоиш медал од истиот! Истовремено сум многу среќен и горд што заедно со мојот тим успеавме да испишеме историја во македонскиот мотоспорт и што вложениот труд испливува на површина. Овој бронзен медал нас е силна мотивација за идните планови и цели.“, вели Христијан Бузалковски.

 

 

 

Со „Prize Giving Ceremony“ се заокружи 2023-та година, односно доделените награди се за цела претходна сезона, која за Христијан беше подеднакво напорна и плодна.

Христијан за овие десет години активно натпреварување, ја претставува Македонија во најдобро светло во овој спорт, и покрај сите предизвици гордо го носи епитетот „трикатен БМУ шампион“.

Македонија го доби својот прв награден мотоциклист на европски шампионат, а голема е веројатноста дека во иднина ќе го има и првиот европски или светски шампион.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *