Македонската „кралица на планините“ се искачува на еден од највисоките активни вулкани во светот

Илина Арсова е првата Македонка која ги искачи седумте највисоки врвови на сите континенти.

Во 2006-та го искачи Монблан, а во 2013-та година стана првата жена од Македонија што го искачила Монт Еверест. Во 2019-та таа се искачи на врвот Винсон на Антартик со што нејзината мисија за освојување на „седумте врвови“ беше успешно завршена.

Илина моментално се наоѓа во Еквадор каде што го искачува Котопакси, кој е еден од највисоките вулкани во светот со висина од 5.911 метри, чиј врв патем е покриен со дебел мраз.

Авантуристката на својот Инстаграм профил сподели фотографии од нејзиното патешествие и сподели: „Во Македонија можеби сум кралица на планините, но овде во Еквадор само може да видам уште колку многу имам да учам“.