Македонски доктор ќе ви покаже и објасни која е разликата помеѓу здрави и бели дробови заболени од COVID-19

Додека тензијата околу рестрикциите и полицискиот час расте еден доктор реши да не потсети дека за што и да станува збор една работа е сигурна, COVID-19 остава голема штета на нашите тела, особено на белите дробови.

Докторот Петар Марков на својот Фејсбук профил објави статус кој ја покажува реалната слика од човек со здрави бели добови и пациент заразен со коронавирусот.

„Не знам дали е измислен, произведен во лабораторија или резултат на мутација… не знам дали е производ на заговор или неконвенционална војна но ги знам ефектите кои ги предизвикува на човечкото здравје.

Некој ќе рече, па добро де, луѓето и така умираат… да, но доколку некој ни рече дека имаме 10% да добиеме лото вечерва претпоставувам многу би ги изиграле своите среќни броеви и би имале фер шанса да бидат добитници.

А што ако некој ни каже дека доколку не внимаваме имаме 10% шанса да се заразиме или уште полошо имаме исто толкав процент на веројатност да заразиме некој друг или многу други, како тогаш би постапиле?

Ова подолу е компјутеризирана томографија на пациент со здрави бели дробови и на пациент со COVID-19. Не треба да имате медицинска диплома за да ја забележите разликата. Но во што всушност е таа?

Разликата е во тоа што на пациентот со COVID-19 белите дробови никогаш повеќе нема да му бидат исти како пред инфицирањето. Белите опацитети претставуваат изразена фиброза, а фиброзата е таа која го дава изгледот на лузната откако ќе се здобиеме со некаква повреда на некој дел од телото. Претставува најчесто ткиво со нарушена функција, нееластично, кое има за цел да ги врзе рабовите на настанатиот дефект,

Во случајот тоа се случува во белите дробови. Секаде каде постојат белите пребојувања на сликата, особено кон периферијата, претставува фиброзно променет паренхим на белиот дроб; афункционално, нееластично сврзно ткиво за кое не постои начин да се врати во функција, а за нормално функционирање на белите дробови е потребен и еластицитет но и функционалност во размената на гасови.

А како изгледа субјективниот наод на пациентот. Ставете дебела перница врз вашето лице и побарајте некој да ја притисне, дишете 10 сек, 15 сек, 30-40 доколку можете и побарајте да ја тргнат. Ова е чувството кое го имаат пациентите само што нивната перница не може да се тргне. Нивното лице останува покриено се до ставањето на аспиратор и конечно до нивната смрт, исто како тие 30-40 секунди или умираат или ќе живеат со перманентна штета.

Тоа што го има на сликите не се наоди од Вухан или Италија или Шпанија… ова се наоди од пациенти од Македонија и тоа на возраст 30+ години. Имаме должност спрема нашите семејства, нашите блиски и спрема самите себе да останеме безбедни од нешто кое може да се превенира.

Да се воздржиме од непотребни експозиции, да внимаваме на самите себе бидејќи на тој начин ги штитиме и нашите најблиски. Ништо не е поубаво од чувството на земање длабок здив, да избегнеме да сме тие кои ќе го земат некому но и не смееме да дозволиме да ни го земат.“, напиша докторот.

Автор: Петар Марков

Извор: Фејсбук

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.