МАКЕДОНСКИ Е… (виц)

Македонски е да си купиш телефон од 1000 евра, а да потрошиш за одмор во Охрид 20 евра. Храна си носиш, станот на пријател, лежалка не ти треба, само фрижидерче со ладно пиво.

Македонски е да заработуваш два пати помалку отколку што трошиш. И така со години.

Македонски е да работиш 4-5 месеци без плата.

Македонски е да одиш на работа и по цел дена да мислиш како да заработиш пари.

Македонски е сам да си ги сервисираш бојлерот, колата, инсталацијата, телевизорот, парното, а друг да ја сервисира жена ти.

Македонски е човек којшто не знае каде се користи „ѝ“ да стане министер за образование.

Македонски е да се симнеш во подрумот за да донесеш туршија и да се вратиш по 3 дена со лазење.

Македонски е да не си прочитал 2 книги во животот и пак да имаш големи шанси да станеш премиер.

Македонски е да се ветува. Не е македонски да се исполнува.

Македонски е ремонтот на колата да те чини повеќе од самата кола и кога конечно после 18 дена ќе отидеш да си ја земеш, да те пратат на друг мајстор „кој е по тие работи“.

Македонски е да се гришиш за своето дете, додека не стане пензионер.

Македонски е двајца браќа да не зборуваат 30 години заради делба на орев и еден метар квадратен земја.

Македонски е човек со докторат по физика да ти прави сендвич во сендвичара, а тој што одвај завршил осмо одделение да е сопственик на ланец луксузни хотели во Охрид.