Македонски инженер поправа најнов американски авион (виц)

Американците произведуваат еден суперсоничен авион, но при секој лет, поради огромната брзина, крилото му се крши точно на одредено место. Повикуваат најразлични експерти – ништо! На крајот доаѓа еден македонски инженер, зема бормашина и буши дупки точно по линијата каде што се кршат крилата. Авионот полетува и сè е во ред. Сите зачудено го прашуваат:
– Како знаевте? Ова нема никаква физичка оправданост.
Тој им вели:
– Искуство другари. Пред да се преселам во Америка, во Македонија работев во фабрика за тоалетна хартија и сум утврдил дека никогаш не се кине таму каде што е перфорирана!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *