Македонски инженери ќе градат тунел под Ламанш (виц)
Објавиле конкурс за изградба на тунел под Ламанш. Дошол француски инженер:
— Ако ние го правиме тунелот, ќе копаме од двете страни и ќе ги споиме тунелите со точност до 2 метра.
По него дошол германски инженер со понуда:
— Ние ќе копаме од двете страни и ќе ги споиме тунелите со точност до 1 метар.
Дошол инженер од Македонија, од оние што го планирале патот Кичево-Охрид:
— И ние ќе копаме од двете страни. И ако даде Господ, ќе ги споиме двата тунели со точност до сантиметар!
— Добро, ама ако не даде Господ?
— Е па тогаш за едно 20 години ќе си имате 2 тунели…

Коментирај анонимно