Македонски партиски активист на годишен одмор (виц)

Активист на една наша партија (ќе препознаете која), оди во туристичка агенција:
– Сакам да отидам на одмор, ама нешто по така луксузно…
– Што велите да отидете во Турција, во хотел со 5 ѕвездички?
– Не. Таму веќе сум бил. Сакам нешто поспецијално, да одморам малку од изборите.
– А во Швајцарија на Алпите?
– Не. И таму сум бил.
– Знам, вие треба да отидете на сафари!
– Што е па тоа сафари?
– Ќе се возите со џип и ќе пукате…
– Ех, исто како да сум на работа!