Македонскиот графит „Дани те сакам“ на Берлинскиот ѕид, непосредно пред рушењето, го обиколи светот уште пред да се појави интернетот

Овие слики го обиколија светот во далечната 1989 година, непосредно пред да се сруши. Некој Македонец бил таму и ѝ изразил љубов на својата Дани. Заклучок: Каде и да се свртиш во светот ќе најдеш нешто македонско.

Еден од последните графити напишани на ѕидот на македонски, „Дани те сакам“, во тоа време ги поттикна светските медиуми да се запрашаат дали Дани и нејзиниот љубовник се најдоа и дали се сè уште среќни.

Берлинскиот ѕид е изграден во 1961 година од комунистичкиот режим на Источна Германија за да го оддели Западен Берлин, кој беше под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и остатокот од Источна Германија, под силно влијание на СССР. Тој ѕид стана највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса.

Ѕидот ги разделуваше Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден. Изградбата на ѕидот започна на 13 август 1961 година, а ненадејната изградба предизвика многу семејства да останат поделени. Тој беше целосно урнат кон крајот на 1989 година, освен еден дел кој и денес стои како спомен на тоа време.

Во текот на 28-годишната поделба, најмалку 136 луѓе беа убиени од граничните единици на Источна Германија обидувајќи се да пребегнат во Западен Берлин. Некои тврдат дека таа бројка изнесува повеќе од 200. Источногерманската власт им нареди на граничарите да пукаат на бегалците.

На 9 ноември 1989 година, по неколку неделни граѓански немири, властите во Источна Германија објавија дека сите нејзини граѓани можат да ја посетат Западна Германија и Западен Берлин. Источногерманците се искачуваа и го преминуваа ѕидот, прославувајќи ја слободата на другата страна. Во следните неколку недели, делови од ѕидот беа искорнати од одушевениот народ и ловци на сувенири, а по неколку недели, ѕидот речиси целосно беше отстранет со градежна механизација.

Падот на Берлинскиот ѕид беше првиот чекор во обединувањето на Германија, кое се заврши на 3 октомври 1990 година.

  • Arso Sinadinov напиша:

    Ova poraka e nameneta za vrabotena vo Sobranie na SRM a ja napisal pratenik koj od Sobranieto na SRM vo sostav
    Na Jugoslavia bil na rabotna poseta na Germanija

  • Arso Sinadinov напиша:

    Ova poraka e nameneta za vrabotena vo Sobranie na SRM a ja napisal pratenik koj od Sobranieto na SRM vo sostav
    Na Jugoslavia bil na rabotna poseta na Germania

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *