Македонскиот и бугарскиот ловџија (виц)
Двајца ловџии, Македонец и Бугарин одат на лов во исто време, на исто место, а ги дели само линијата на границата. Двајцата во ист момент пукаат во иста птица. Птицата паѓа мртва точно на границата. И двајцата одат и двајцата сакаат да ја земат птицата и започнува расправија.
По кратко време, Македонецот добива идеја.
– Ќе се удираме во јајцата додека некој од нас не може да издржи повеќе! Јас ќе почнам прв!
Бугаринот се согласува. Македонецот прави 10 чекори наназад, се затрчува и шутира со сите сили! Бугаринот 5 минути се грчи од болки на земјата и кога конечно му е подобро, станува и вели:
– Е сега јас сум на ред!
– Немај гајле бе другар, во име на добрососедските односи, решив да ти ја подарам птицата!