Македонскиот камионџија и златната рипка (виц)

Наш камионџија чекал да му го натоварат камионот за назад и ловел риба на едно од 1000-те езера во Финска. Наеднаш фатил златна рипка и таа му вели:
– Пушти ме, ќе ти исполнам една желба!
Нашиот размислил малку и рекол:
– Сакам да ми направиш еден мост од тука до Македонија, кога ќе тргнам за назад да не запирам.
Рипката:
– Но тоа е невозможно!
Нашиот:
– Тогаш сакам Македонија да влезе во ЕУ, барем да не ме малтретираат по границите.
Рипката:
– Со колку ленти да биде мостот?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *