Македонскиот милионер и духот од волшебната вазна (виц)
Еден македонски милионер со жена му се сончале крај базенот на нивната луксузна вила во Грција. Во еден момент се чул силен тресок одвнатре. Двајцата се стрчале во вилата да видат што се случило.
Кога влегле во дневната, виделе скршен прозорец, искршена скапа вазна, а до неа стоел висок црнец со турбан на главата.
— Не плашете се — рекол црнецот. — Јас сум духот од волшебнта вазна. Илјада години бев затворен во оваа ваза, а вие ме ослободивте. За награда, ќе ви исполнам две желби. Можете да посакате било што, но има само еден услов. Ќе треба и вие да ми исполните една мала желбичка за возврат.
Милионерот без многу мислење рекол:
— Сакам секоја година да ми легнуваат по милион евра на сметката и втората желба ми е, цел живот да јадам најубава храна!
— Нема проблем — рекол духот. — Сметај дека е средено. А сега да си ја кажам и јас мојата желба. Илјада години немам ни видено жена, а не па допрено. Сакам да поминам 1 час со твојата сопруга.
Милионерот и жена му се погледнале, се тргнале на страна, нешто си дошепнале и на крај се согласиле.
По некое време жестока акција во спалната, додека милионерот пак се сончал надвор, духот ја прашал жената:
— Колку години има маж ти?
— 36 — одговорила таа.
Духот се насмеал и рекол:
— И уште верува во духови?

Коментирај анонимно