Македонскиот селанец и инспеторите (виц)
Еден наш селанец одгледувал свињи. Еден ден му дошол еден наконтен господин (читај партиско војниче во костум и чанта со документи) и го прашал:
– Абе, ти со што ги храниш тие свињи?
– Кога има пченка, со пченка, кога нема со помија.
– Јас сум од комисијата на владата за заштита на животните. Те казнувам 500 евра затоа што не ги одгледуваш животните добро!
После некој ден му дошол друг исто таков партиски војник што се замислува дека е инспектор:
– Абе, ти со што ги храниш свињите?
– Со органско овошје и зеленчук и им давам десерт после секој оброк!
– Зошто храниш животни со такви деликатеси, а народот нема леб да јаде!? Јас сум од комисијата на владата за стоп на сиромаштијата и те казнувам 500 евра!
По неколку дена доаѓа и трет:
– Абе, ти со што ги храниш свињите?
– Им давам по 500 денари и кој што сака си купува, господине!
Цацко на времето по 50 денари им даваше и пак најадени… Шо ти е држава
Коментирај анонимно