Македонскиот уметник ги комбинираше постерите на социјалистичката ера со популарните суперхерои за да пренесе важни пораки

Зоран Кардула е графички дизајнер и сликар, роден во Крушево кој е познат на македонската сцена од 90-тите години. Неговиот стил на изразување е специфичен и најчесто опфаќа спојување на два света. Кардула спроведе уметнички експеримент и комбинираше советски постери и слики од популарни стрипови. Резултатот е прилично интересен. На пример, Хулк стана жесток противник на алкохолот додека капитенот Америка ги почитува упатствата на Владимир Ленин.

Кардула своите дела ги објавува на Инстаграм профилот, а од неодамна креираше и „изјави“ од познати историски личности поврзани со актуелната состојба со коронавирусот и седењето дома.

За уште интересни дела од Зоран Кардула посетете го неговиот Инстаграм профил.