Македонските доктори и пациенти (виц)

Господ решил да ја види состојбата во македонското здравство, па се преправил во матичен доктор. Седнува во амбуланта. Прв влегува инвалид во количка. Господ ја става раката на неговото чело и вели:
– Стани и оди си!
Инвалидот станува од количката, излегува од ординацијата со брз чекор, а другите го прашуваат:
– Како е новиот доктор? Задоволен ли си од лекувањето?
– Ист е како претходниот, дури ни притисокот не ми го измери!