Македонските уметници го освојуваат крипто светот преку NFT

„Ова што се случува во крипто светот е револуција на уметноста. Конечно дојде време кога уметникот ќе може да егзистира само од своето творештво“ – вели Здравко Гиров, автор на NFT проектот The Orc Horde.

Што е The Orc Horde NFT?

The Orc Horde NFT е колекција од 10.000 цртжи, портрети на Орки, како оние од „Господарот на прстените“ на Џ. Р. Р. Толкин. Секој цртеж е уникатен и се разликува од другите. Но интересниот дел е она што се случува во позадина.

Секоја NFT слика има свои карактеристики, опишани со текстуални и бројчани параметри. Според тие карактеристики се оценува нивото на уникатност на цртежот. На пример ако само 100 Орки имаат лузни, значи реткоста на карактеристиката лузна е 1%. Тој 1% ги прави тие 100 слики поретки, а со тоа и повредни од другите.

Повеќе информации за колекцијата можете да најдете на официјалниот веб сајт https://theorchorde.com/ и на официјалниот Discord https://discord.gg/ytGrbhhghS

Како се заработува преку NFT?

Во монеталниот NFT свет најмногу заработуваат трговците. Впрочем и во традиционалната уметност, милионите од уметничките дела ги заработуваат трговците.
Но во NFT светот, уметникот си одредува провизија и добива одреден %, не повисок од 10% од секоја наредна препродажба на неговото дело.
Постојат неколку огромни платформи за тргување со NFT уметнички дела од кои најпознати се Rarible и Opensea. Кога некое NFT дело прв пат се огласува на продажба, само во исклучително ретки случаи цената му е висока. Од таа причина уметниците одат на правење колекции и тоа ни помалку ни повеќе туку со по 10.000 парчиња, како што е случајот со The Orc Horde NFT.

Колку чини едно NFT уметничко дело?

Цената варира и се движи од 50 долари, па се до 1000 на првата продажба. Во препродажба, делата достигнуваат и милионски суми. На пример овој мајмун неодамна беше продаден за 740 етери, или во поразбирлива валута околу 2 милиони и 890 илјади евра.

Во табелата се прикажани трите препродажби на оваа слика, која што првиот сопственик ја добил бесплатно од авторот.

Како еден македонски уметник да започне да продава свои дела во форма на NFT?

NFT е голем хит во светот, особено во земјите од англиското говорно подрачје. Солидно сработени проекти заработуваат милионски суми. Од таа причина конкуренцијата само за неколку месеци стана огромна. Во овој момент ви треба цел тим за еден NFT проект да се претвори во успешна приказна. Но, тоа не значи дека е невозможно. Екипата која што стои позади The Orc Horde NFT всушност е многу отворена за соработка со амбициозни уметници, па доколку се сметате себе си за таков, слободно пишете им на следниот мејл theorchordenft@gmail.com или контактирајте ги преку официјалниот Твитер https://twitter.com/OrcHorde.

Дали може било кој да почне да заработува од NFT?

Уметничката револуција отвора цела палета на можности, некои од нив веќе споменавме, како создавење NFT уметнички дела и трговија со истите. Мораме да ги спомнеме и програмерите, кои во NFT светот работат за суми 10 пати повисоки отколку во „реалниот“ живот.

И сега следува интересниот дел…

Доколку не сте ниту уметник, ниту трговец, ниту програмер, сепак постојат многу шанси да заработите солидна сума на пари во виртуелниот уметнички свет. Се што ви треба е солидно познавање на англиски јазик и основни компјутерски вештини, а доколку ви е позната платформата Discord, можете дури и да му се приклучите на The Orc Horde тимот, слободно пишете им на следниот мејл theorchordenft@gmail.com или контактирајте ги преку официјалниот Твитер https://twitter.com/OrcHorde.