Македонско кафуле со хумано правило: Наместо да платите кафе, се јавувате на 143-400 и донирате за жртвите од земјотресите

Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Сирија надмина 2.500, со што вкупниот број на загинати во Турција и Сирија надмина 8.400 со преку 25.000 повредени. Британските медиуми јавуваат дека бројот на загинати се очекува значително да се зголеми бидејќи стотици семејства се уште се под урнатините, повеќе од 50 часа по земјотресот.

 

Според проценките на властите, од последиците од природната катастрофа ќе бидат засегнати повеќе од 23 милиони луѓе во двете земји. Од сите страни ан светот доаѓаат апели за помош, донации од земји и од луѓе. Па така пример за хуманост е и скопското кафуле „Бифе Тафталиџе“ кое се одлучи да направи нешто што е во негова моќ.

Нивната цел е доколку сакаме да помогнеме да го направиме тоа, а не само да поддржуваме некого со зборови. Нивната објава на фејсбук гласи вака:

„Од утре, па до сабота важи ова правило:
Бројот е 143-400 (Телеком и А1). Повикот е 100ден. Доѓаш, пиеш Лаваца кафе во Бифе или напред, на тераса, праќаш СМС и кафето е платено. Толку можете – толку можеме.
Биди човек во живо, не на Фејсбук❤️

Бидете хумани и уживајте во кафето!

 

 

  • Lou напиша:

    👍👍👍❤❤❤

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *