Макрон и проститутката (виц)

Макрон си џогирал секое утро во истиот парк. Едно утро, поминал покрај една згодна проститутка која го забележала неговиот интерес. Таа му викнала:
– Еј, 50 евра!
Бидејќи Макрон од жена си не добивал толкав џепарлак, тој ѝ вратил:
– 5 евра!
Проститутката се почувствувала навредена и се свртела. Макрон продолжил со џогирањето.
Оттогаш, проститутката била на истото место секое утро, и секое утро двајцата го воделе истиот разговор:
– 50 евра!
– 5 евра!
Две недели подоцна, жената на Макрон решила да му се придружи на џогирањето. Макрон се загрижил дека жена му може да ја забележи проститутката, но менувањето на нивната рута би било премногу очигледно.
Така, претседателскиот пар почнал да џогира и наскоро дошле до проститутката. Макрон вознемирено ја погледнал, а оваа му викнала:
– Гледаш ли што можеш да добиеш за 5 евра!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *