Малата сестричка (7) го штити својот помал брат откако останале заробени 36 часа под урнатините од земјотресот во Сирија. А тоа што му го кажа на човекот што ги најде е срцепарателно
Мало девојче е пронајдено како го штити својот помлад брат откако тие останале заробени под урнатините на нивниот дом кој се урна по серијата разорни земјотреси. Видео снимката го сними трогателниот момент кога двајцата преплашени млади брат и сестра беа пронајдени од спасувачите меѓу урнатините во Сирија.

Седумгодишното девојче се вика Маријам, а нејзиниот помлад брат Илаф и тие беа заробени во урнатините околу 36 часа. Во снимката, таа му рекла на работникот за итна помош: „Господине, ако ме спасите мене и мојот брат, ќе направам што сакате. Но, тргнете не одовде“.
Подоцна беше споделена фотографија од двете деца кои се одмараат откако беа спасени. Нивниот татко Мустафа Зухир Ал-Сајед рече дека тој, неговата сопруга и нивните три деца спиеле кога се случил земјотресот.
Тој рече: „Урнатините почнаа да ни паѓаат над главата и останавме два дена под урнатините“.
Сите тие беа спасени од разурнатиот дом.

Претставникот на ОН Мохамад Сафа побара да „сподели позитивност“ поради многу негативни приказни поврзани со зголемениот број на загинати, кој е над 11.000 луѓе и може да достигне 20.000 низ земјата и Турција.

Земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди Турција и северозападна Сирија во раните утрински часови во понеделникот, 6 февруари. Земјотресот беше најлошиот во Турција овој век и направи дополнителен хаос во сириските населби веќе уништени од повеќегодишна војна.

Над 11.000 луѓе се убиени, а околу 34.000 луѓе се повредени. Светската здравствена организација соопшти дека многу повеќе жртви најверојатно ќе бидат откриени во двете земји. Тие посочија дека вчера жртвите би можеле да достигнат 20.000.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно