Мали кученца спасиле новороденче од сигурна смрт, останувајќи покрај него цела вечер

Напуштено бебе во Индија наводно било спасено од кученца откако било оставено на нива преку ноќ.

Ако веќе не сте убедени дека кучињата се најдобри пријатели на човекот, оваа приказна можеби ќе ви помогне.

Според локалните жители, новороденчето во текот на ноќта било без облека, а нејзината папочна врвца сè уште била прицврстена.

Бебето било пронајдено како се гушка со кученца за да се загрее во текот на декемвриската вечер.

Еден локален жител зборуваше за инцидентот, објаснувајќи како е „чиста среќа“ што бебето било живо.

„Веројатно топлината од кученцата и нивна мајка го одржале ова новороденче во живот. Обично, температурата паѓа ноќе и веќе е декември. Морам да кажам, тоа е чиста среќа.“

Новороденчето било откриено од членовите на заедницата откако се слушнал плач, а бебето било најдено покрај кученцата.


Локалниот жител, Муналал Пател објасни како го нашле детето:

„Во 11 часот наутро видовме дека има новородено девојче кое плаче и лежи покрај кученца во нашето село. Во паника ги известивме надлежните пред новороденчето да биде однесено во болница на дополнителни прегледи“.

Полицијата пристигнала набргу откако бебето било пронајдено.

Во моментов во тек е истрага бидејќи полицијата продолжува да трага по нејзините родители.