Малиот Картер од училиште го зема неговиот омилен „херој“ кој и не е многу пријателски настроен

Секој од нас како дете па и како возрасен си има свој омилен херој како на пример Супермен, Спајдермен и слично. Но, за некои херојот не мора да биде „позитивецот“.

Картер Марфи има таков посебен омилен лик. За 12-тиот роденден на Картер неговиот татко Сем решил да му ја исполни најголемата желба.

Картер рекол дека неговата роденденска желба е Џејсон Ворхес. За оние кои не го „познаваат“ Џејсон е страшниот „бесмртен“ убиец од хорор филмовите „Петок 13“. Да, 12-годишно детенце му е голем обожавател. Откако татко му му објаснил дека малку ќе е тешко да му го донесе Џејсон, бидејќи нели тој е зафатен со колење на луѓе кај езерото Кристал, решиле да смислат друг начин како да му се испони желбата на Картер.

За среќа, Сем најде начин. Преку помош на локален експерт за специјални ефекти и маски Џејсон и Картер конечно добија можност да поминат извесно време заедно. Иако Џејсон изгледал супер најмногу ги изненадило колку удобно се чувствува Картер бидејќи тој страда од ADHD – нарушување кое создава паника при контакт со очите и влегување во личен простор. Тие дури и се држеле за раце, нешто што Картер не го прави со неговиот татко.

Картер му ги покажал на Џејсон сите свои играчки-оружја како и кукла со ликот на Фреди Кругер која Џејсон ја фрлил. Тој цело време останал во ликот и не разговарал. Потоа Сем, Картер и Џејсон се возеле со автомобил, а Џејсон се обидел и да го „задави“ Сем. Џејсон го глумел Тони Гартланд кој се облекува како негативецот на повеќе конвенции за обожаватели на хорор филмови.