Малиот Србин со неговата искрена писмена задача го насмеа целиот регион

За некои од нас писмените задачи по македонси јазик беа омилени, за други пак, кои мака мачеа да сврзат реченица, беа хорор. Во која група и да спаѓате, сигурно ќе се сочуствувате со овој основец од Србија кој со неговата искреност го насмеа цел регион.

Пишувајќи на темата „Мојот живот, мојата приказна (Автобиографија)“ момчето ги сподели своите чуства за училиштето.

„Роден сум седми по ред во моето семејство. Името Дајо го добив по дедо ми. Поради тоа име, му станав миленик на татко ми, а од мал го сакав спортот, па ме запишаа на кошарка.

Тој ден мораше да дојде, започна школото. Кога тргнав на училиште, бев многу среќен и мислев дека училиштето е забавно.

Но, од одделение во одделение сфатив дека училиштето е најлошото нешто што можело да ми се случи во животот.

И оттогаш, секој ден кога сум на училиште, се чувствувам како да сум во затвор“.

Ученикот бил оценет со 3-, иако сметаме дека за искреноста и храброста заслужува барем 4-ка.