Малиот Зоки вели дека имал добиено (виц)

Малиот Зоки бил многу тажен и се скрил во ќошот. Мајка му го забележала и почнува да го испрашува. На Зоки не му се зборувало, па одговорил:
– Мамо, те молам, не сега, имам добиено.
Мајката зачудено:
– Што рече?!
– Дека имам добиено!
– Што сакаш да кажеш?! Зошто го велиш тоа? Знаеш ли воопшто што значи?
– Не знам, но секој пат кога дадилката ќе му го каже тоа на тато, тој престанува да ја замара.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *