Малку да не си претерала? Фан на Мадона собори светски рекорд со 18 тетоважи од пејачката

Посветената обожавателка на Мадона по име Тара Бери од Топека, Канзас, постави нов Гинисов рекорд со 18 тетоважи на пејачката, надминувајќи го претходниот рекорд од 15 тетоважи на Еминем кој го држеше Ники Патерсон од Шкотска.

 

Тара почнала да прави тетоважи од Мадона во 2016 година кога поп-ѕвездата бараше обожаватели со нејзини тетоважи за музички спот. Во исто време, Тара исто така се обидувала да победи на натпревар на Конвенцијата за тетоважи во Канзас Сити, но ниту еднаш не успеала. Подоцна, таа прочитала за рекордот на Ники Патерсон и решила да го надмине.

 

 

Повеќето од тетоважите на Тара се направени во период од шест месеци.

Тара работи во T-Mobile и добива големо внимание за нејзините тетоважи, на кои е прикажана Мадона од 1980-тите до денес, вклучувајќи го и познатиот бакнеж со Бритни Спирс на MTV VMA наградите во 2003 година.

 

Луѓето често зјапаат, воздивнуваат и ја допираат по рацете без да прашаат, но на Тара не ѝ пречи. Многу луѓе бараат да направат слики и видеа од нејзините тетоважи, а таа со задоволство им дозволува.

„Секакви луѓе ги допираат моите раце или прашуваат дали можат, некои многу ентузијастички ме фаќаат за рака. Сето тоа го поздравувам. Многу, многу луѓе прашуваат дали можат да ги сликаат и да ги снимаат моите раце“.

 

Таа рече дека „сè уште е во шок“ што е „Среќната ѕвезда“ која ја однесе титулата дома. „Навистина никогаш не мислев дека ќе го освојам рекордот. Очекував лоши вести кога дознав преку е-пошта. Го сакав ова толку многу и направив се што беше потребно за да го добијам“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *