„Малку користен бургер“ се продава на страница на „Фејсбук“ и верувале или не, има луѓе што би го купиле тоа!

„Facebook Marketplace“ е познат по своите диви и откачени огласи, но една неодамнешна објава ги остави корисниците апсолутно вознемирени.

 

 

 

Еден корисник на „Редит“ наишол на оглас кој продавачот го опишал како „малку користен бургер од „Five Guys“ за пет долари. Неговата придружна снимка покажа дека некој веќе изел неколку залаци од бургерот пред да се одлучи да го продаде.
Збунетиот купувач го сподели своето откритие на подредата „Weird“, пишувајќи: „Барав кауч на „Facebook Marketplace“ денес и ОВА се појави“.

Корисниците на „Reddit“ не можеа да одолеат, а да не искоментираат.

Со повеќе од милијарда корисници кои го прелистуваат „Facebook Marketplace“ месечно за сè, од технолошки гаџети до мотори, тоа е богатство за оние кои бараат „злато“. Но, за жал, таму не се сите зделки легални.

 

 

Портпаролот на „Facebook Marketplace“ изјави: „Двојно проверете ги зделките кои изгледаат премногу добри за да бидат вистинити. Измамниците може да се обидат да користат пониски цени за да ги наведат купувачите во измама. Не испраќајте депозити за предмети со висока вредност (станови, автомобили итн.) без прво да потврдите дека се вистински, кога е можно, обидете се да го потврдите постоењето и сопственоста на артиклите лично или преку видео разговор пред да испратите плаќања“.

„Секогаш проверувајте ги броевите за следење што ги гледате на „Marketplace“ на веб-страницата на компанијата за испорака и проверете дали адресата за испорака и информациите за испорака се точни“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *