Малку познати факти за најнетипичниот милионер во светот, основачот на Etherium, Виталик Бутерин
Виталик Бутерин, креаторот на Ethereum – втората највредна криптовалута после Биткоин – е една од највлијателните личности во светот на блокчејн технологиите. Роден е на 31 јануари 1994 година во Коломна, Русија, но уште на шестгодишна возраст се преселил со семејството во Канада.
Неговото семејство отсекогаш било во сферата на технологијата – таткото е компјутерски научник, а мајката се занимавала со едукација за блокчејн. Првиот компјутер го добил на четири години, а на десет веќе креирал сопствени игри. Брзо бил препознаен како надарено дете и образован во специјализирани училишта.
Подемот во кариерата
Во 2011 година, на само 17 години, Бутерин се запознава со Биткоинот и започнува да пишува за него. Соработува со еден форум, каде за секој текст добивал по 5 биткоини – тогаш незначителни 17,5 долари, а денес над половина милион. Подоцна станува коосновач на списанието Bitcoin Magazine, едно од првите посветени на криптовалутите.
Бутерин никогаш не го завршил универзитетот – добил стипендија од 100.000 долари од основачот на PayPal, Питер Тил, и го насочил вниманието кон создавање на Ethereum. Во 2015 година платформата официјално стартува, носејќи му светска слава. Во неа вградува паметни договори – иновација што го отвора патот за децентрализирани апликации.
Името „Виталик“ останува со него од детството, бидејќи така го нарекувале во Канада, а тој сам одлучил да не го менува, иако официјално се вика Виталиј Дмитриевич Бутерин.
Приватен живот
Во 2014 година ја добива престижната награда World Technology Award, победувајќи го дури и Марк Цукерберг. Влегува на листата на Forbes „30 под 30“, а во 2022 година, на 27 години, станува еден од најмладите милијардери во светот. Иако денес неговото богатство се проценува на околу 800 милиони долари, влијанието му останува глобално.
Поседува државјанства на Русија, Канада и од 2022 – на Црна Гора, која се надева дека тој ќе ѝ помогне во развојот на криптоекономијата. А за личниот живот? Гласините велат дека е во врска со Сидни Свини, ѕвездата од серијата „Белиот Лотос“ – но за тоа, Виталик сè уште молчи.
Коментирај анонимно