Мало дете вози Ферари на автопат во Холандија
Многу татковци ги ставаат децата во скутот во автомобилот за да „повозат“ малку на безбеден пат или на голем паркинг. Нема поубаво чувство за детето од тоа да го сврти воланот и да се преправа дека навистина може да вози автомобил. Сепак, има и такви татковци што одат чекор понатаму, кои во очите на нивните деца изгледаат како совршен родител, а всушност им го ставаат животот во голема опасност. Еве еден таков со Ferrari 488 Spider.