Мало глуво момченце без пријатели ги доби најнеочекувани подароци за роденден

За Дилан Џејмс, едно младо глуво и аутистичко момче без пријатели, 9-тиот роденден не му претставувал многу среќен момент.

Поради неговата состојба, Дилан бил отпишан од училиште уште од минатата година и изгубил контакт со своите другарчиња во текот на неговото лекување во Лондон.

Сеговата мајка Наташа сфатила дека нејзиниот син ќе има многу тажен роденден и решила да побара помош од луѓето во овие тешки времиња, кога сите се борат со своите „демони“. Мајката од Девон, Англија објавила на Фејсбук дека нејзиниот син би бил пресреќен доколку некој одвои време да му испрати роденденска честитка.

Сепак таа не очекувала таква реакција. Честитки пристугнале дури и од Лас Вегас и Австралија. На денот на роденденот Дилан добил 103 честитки, а во наредните денови тие станале вкупно 714. Наташа вели дека е благодарна што во светот постојат луѓе кои се спремни да вложат труд за да вратат нечија насмевка.