Мало, мало, ама техничарче: 9 годишно девојче од Кина стана најмладата кунг фу ѕвезда на светот

9-годишната Џанг Ксисуан од кинеската провинција Хенан ја освои титулата „Шаолин кунг фу ѕвезда“ на Светските игри во Шаолин, победувајќи десетици илјади други кунг фу практиканти од целиот свет.

 

 

 

Џанг Ксисуан почнала да учи кунг фу на 5-годишна возраст и веќе 4 години тренира во школата за боречки вештини „Џингжонг“ во округот Тањин, провинцијата Хенан. Нејзиниот тренер Жао Женву ја пофали нејзината работна етика и вели дека никогаш не се жалела што морала да тренира до доцна во ноќта.

„Ксисуан е многу силна и никогаш не плачела за време на тренинзите“, рече Жао Женву.

„Дури и ако треба да тренира до 23 часот пред натпревар, никогаш нема да се жали дека е уморна или дека тренинзите се премногу напорни. Таа навистина сака боречки вештини и често останува на училиште за да тренира за време на празниците“.

 

 

Џанг Ксисуан поминала низ неколкумесечни аудиции за да се квалификува за Светските игри во Шаолин во 2024 година и се натпреваруваше против 124 „Интерконтинентални Шаолин Кунг Фу ѕвезди“ од 47 земји и региони за да се квалификува за титулата Светска Шаолин Кунг Фу ѕвезда.

Нејзината неверојатна флексибилност и мајсторство на Тонг Зи Гонг (форма на Шаолин Кунг Фу) ги запрепасти и судиите и толпата, со што ја заработи посакуваната титула Шаолин Кунг Фу ѕвезда.

  • Филип втори напиша:

    Ееее,а нашите на олимпијада со вајлд карта одат и губат во прво коло или од 89 такмичари ќе освои 87 место и викаме голем успех.Па уште и знамето ќе го носи најдобриот.Нација способна за никаков спорт како и државата.Само атомска и све одново да се почни.Ако се згреши куќата во темели одма руши,од неа не бива ништо,така е кај нас со све

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *