Мало момченце ги поканило сите другарчиња од градинка за неговото посвојување

Петгодишно момче беше толку возбудено кога доби ново семејство, што ја покани целата градинка на неговото сослушување за посвојување.

Немало суво око во просторијата кога Мајкл Орландо Кларк се појавил во судот Гранд Рапидс, Мичиген за официјално да биде пречекан во неговото ново семејство.

Петгодишникот живеел со своето згрижувачко семејство една година пред сослушувањето, па кога дојде големиот ден, тој сакаше да го сподели со сите свои пријатели. Фотографиите направени во судницата покажуваат клупи исполнети со возбудени лица на соучениците на Мајкл, кои држеле светло црвени срца прикачени на дрвени стапчиња за да ја покажат својата поддршка за нивниот пријател.

Новиот татко на Мајкл изјавил дека омилен дел од сослушувањето бил кога судијката ги замолила сите присутни во собата да објаснат што им значи Мајкл. Сите почнале да го фалат, колку тој е добар пријател. Мајкл е прво дете на неговите родители, а неговиот татко објасни дека работите се одвивале многу брзо откако решиле да го посвојат.

Гордата двојка, која е во брак 10 години, изјави дека нивниот нов син сака да танцува и да плива, како и да игра кошарка и фудбал.