Малото девојче од филмот „Леон“ наполни 40 години и сѐ уште зрачи со сензибилна убавина

Доколку кажеме Натали Хершлаг ретко на кој ќе му текне за кого зборуваме, но ова е вистинското презиме на актерката Натали Портман, која е родена во Ерусалим. На 9-ти јуни 1981 година се родило единственото дете на Шели, американска домаќинка која работи како Агент на Натали и Авнер Хершлаг, израелски гинеколог. Сега 40-годишната Натали вели дека многу ги сака САД, но нејзиното срце е секогаш во Ерусалим. Семејството на Натали сигурно има интересни приказни за раскажување затоа што нејзната прабаба била шпион за Британците во време на Втората светска војна.

Натали на 12 години го воодушеви светот со својата улога во филмот Леон, каде што ја имаше улогата на Матилда, девојче со трагична судбина и глумеше заедно со Жан Рено. Натали повеќе не е малото девојче кое го знаеме од овој филм, таа е сега жена која влезе во 40-тата година од животот, но мора да признаеме ова воопшто не ѝ се забележува.

Во чест на нејзиниот роденден ви претставуваме неколку фотографии од нејзините „најжешки“ фотосесии и како изгледа Натали денес, која е сопруга и мајка на две деца.