Малото палаво девојче и македонската традиција (виц)

Мојата пријателка има тригодишна ќеркичка – енергична и бесна како за десет машки, да е жива и здрава. Девојченцето се научило да влегува во шифоњерот и таму да прави хаос, целиот да го преврти наопаку. Другарка ми никако не можела да ја искара, да ја натера да престане. На крај, мајкава решава да примени една проверена финта од нашите поколенија, која веќе може да се нарече и традиција. Ја седнува ќерката и ѝ вели:
– Да не си помислила да влегуваш повеќе во шифоњерот! Таму има еден страшен чичко со голема торба! Ќе те грабне, ќе те стави во торбата, ќе те однесе и нема да те видиме веќе!
Цел ден девојчето исплашено не смеело ни да се доближи до шифоњерот. Кога вечерта таткото се вратил од работа, седат дома, гледаат телевизија и малата конечно се осмелува. Оди внимателно до шифоњерот, го лепи увото за него и започнува да слуша, под љубопитниот поглед на таткото. Потоа девојчето се врти кон мајката и прашува:
– Мамо, тој чичкото од шифоњерот си отиде ли?